Податоците наведени на веб страната се однесуваат на лицата на територија на Република Бугарија!

Што е formoline?

formoline L112 е производ за слабеење, вашиот помошник за долготрајно намалување на килограми без диети.

formoline L112 e липиден адсорбент кој помага за

  • намалување на прекумерната тежина
  • контрола на телесната тежина по слабеење
  • намалување на апсорпцијата на холестеролот внесен преку храната.

Основната состојка во formoline L112 е диетското влакно полиглукозамин (L112). Тој има природно потекло и може да се врзува големи количини масти, внесени преку храната. Поради високиот капацитет на врзување на липидите, тој го намалува таложењето на мастите во цревниот тракт. Основната состојка на formoline L112 не се апсорбира во организмот и така заедно со врзаните масти се исфрла од организмот по природен пат. Покрај тоа, непроменетите и набабрени диететски влакна на formoline L112 предизвикуваат слабо чувство на ситост.

formoline L112 влијае основно на прекумерната тежина, која се должи на исхрана богата со масти, како мрсно месо, колбаси, масло, сирење, чипс, јатки, колачи или сладолед. Други хранливи материи како шеќери, јаглехидрати, протеини или алкохол, нема да се врзат со formoline L112. Овие калории би требало да бидат намалени, а во спротивен случај тие се достапни за апсорбирање од организмот.

Ефективноста на formoline L112 е строго тестирана во процесот на неговото сертифицирање како медицинско помагало од класа 3.

Препорачана доза на formoline L112

За намалување на телесната тежина: 2 пати дневно по 2 таблети

Земајте го formoline L112 во текот на двата оброци кои се најбогати со масти. За најдобар ефект, земајте го кон крајот на оброкот. Таблетата не треба да се џвака, се пие со нискокалоричен пијалок како вода (најмалку 250 ml) за едноставно да се внесе во организмот.

За долгорочна контрола на телесната тежина: 2 пати дневно по 1 таблета во текот на двата оброци кои се најбогати со масти. За најдобар ефект, земајте го кон крајот на оброкот, притоа не џвакајте ја таблетата, а внесете ја заедно со нискокалоричен пијалок како вода (најмалку 250 ml) за најлесно да се внесе во организмот.

formoline L112 може да се зема подолг временски период.

Дополнителни препораки за земање на formoline L112:

За да се помогне редуцирањето и контрола на телесната тежина, со formoline L112, се препорачува балансирана исхрана со прием на масти и калории (60 – 80 g масти дневно) како и физичка активност.

Се препорачува formoline L112 да се зема само во текот на 2 од трите основни дневни оброци, бидејќи човечкото тело има потреба од витамини растворливи во масти (како витамини A, D, E и K). Најмалку еден оброк во денот треба да содржи полни масла и масти, со кои треба да се обезбедат наведените витамини и масни киселини. Дополнителното примање на комплекс од мултивитамини може да ги дополни потребите на вашето тело од витамини.

Се препорачува пиење на најмалку 2 – 3 литри течности дневно во периодот кога земате formoline L112.

Упатството за користење на производот можете да го прочитате тука.

Стратегијата за слабеење со formoline L112

Стратегијата на formoline L112 за здраво слабеење

Слабејте здраво, дополнувајќи ја својата балансирана диета и програма на физички вежби со внесување на formoline L112. Земајте formoline L112 два пати дневно со голема чаша вода, заедно со два од Вашите основни оброци, во кои има највисока содржина на масти. На овој начин ќе постигнете поефикасно слабеење.

Слабеење со вкус

Високоефикасниот производ за слабеење formoline L112 Ви помага да слабеете без притоа да се лимитирате од мастите како носител на богат вкус. За оптимално намалување на тежината, Ви препорачуваме да го намалите дневниот прием на масти не повеќе од 60-80g и да обратите посебно внимание на квалитетот на мастите кои ги консумирате, во однос на примањето на корисни омега-3 масни киселини итн.

Мали цели – голем ефект

Поставете си остварливи цели, затоа што наглото слабеење го оптеретува организмот и не е здраво. Редовната физичка активност е исто така многу важна за ефикасното намалување на тежината кое гарантира долгорочен успех и успешно одржување на резултатите.

Ако е во план да направите драстични промени во вашата диета и тежина на долгорочен план, се препорачува да извршите претходна консултација со Вашиот лекар.

Одржување на саканата тежина

Дури и откако сте ја постигнале Вашата цел, Вие треба да продолжите да го следите вашиот прием на калории и физичка активност. Така formoline L112 ќе има оптимален ефект и ќе можете лесно и здраво да ја одржите постигнатата тежина.

BACK