Податоците наведени на веб страната се однесуваат на лицата на територија на Република Бугарија!

Здравото слабеење пред се бара долгорочно регулирање на навиките за исхрана и начинот на живот во зависност од енергетските потреби на нашиот организам. Промената на утврдените навики за исхрана бара волја, посебно во почетокот.

Со formoline L112 не треба драстично да ја ограничите содржината на масти, како што се препорачува кај повеќето диети. При слабеење со formoline L112 се препорачува дневниот прием на масти да биде во рамките од 60 до 80 грама.

formoline L112 е производ за здраво слабеење кој ги врзува мастите и влијае на прекумерната тежина, причинета од исхрана богата на масти, како мрсно месо, сувомеснато месо, сирење, кашкавал и слатки. Калориите од хранa што содржи шеќер како и алкохолот не се врзуваат со употреба на formoline L112. Конзумирањето на овие (често пати скриени) калории треба да биде намалено.

Негување на здрави навики за јадење и поголема физичка активност

За успешно намалување на телесната тежина е потребно да го намалите внесот на калории, а истовремено со тоа и повеќе да се движите. Се препорачува внес на 500 – 800 калории помалку преку корегирање на навиките за јадење, а истовремено со тоа и повеќе да се движите. Кога ќе го намалите внесот на калории и ќе ја зголемите нивната потрошувачка преку физичка активност, Вие ќе можете да постигнете негативен енергетски биланс. Како последица од тоа, телото започнува да ги разградува резервите од масти и да започнете со намалување на тежината.

Не се препорачува да внесување помалку од 1400 kcal на ден, бидејќи во тој случај е можно да се појават „напади на глад“, кои се надминуваат тешко и ќе влијаат негативно на Вашата мотивација да се придржувате кон режимот на слабеење.

Имайте търпение и помнете!

Прекумерната тежина не се намалува преку ноќ и слабеењето не е брз процес. За да ослабете 1 kg треба да „заштедите“ околу 7 000 калории.

Брзото слабеење може да ги оптовари организмот и сврзното ткиво, бидејќи во повеќето случаи намалувањето на тежината се должи на загуба на течности. Затоа здравото слабеење треба да се случува бавно.

Ако се придржувате кон диета со која ќе го намалите внесот на калории со 500 kcal на ден, во рамките на околу 2 недели можете да разградите најмногу 1 килограм телесни масти.

За да се ориентирате правилно при составување на Вашиот план за исхрана, користете ги назнаките за хранливи вредности кои ја наведуваат содржината на калории и масти кај повеќето намирници.

Еден совет: измерете ја точната количина на сите состојки во текот на готвењето. Тоа ќе Ви помогне да развиете осет за обемот на здравите порции и количини.

Релаксирајте се!

За вашето здравје и спокојство на духот од посебно значење е свесното справување со стресот и целосното задоволство од релаксирањето – исто толку важни како здравата исхрана и редовното движење. Заедно со земањето на formoline L112Вие треба да изградите и нови поздрави навики за јадење, активност, поставување на реални цели и одредување на мали награди за нивното постигнување.

BACK