Податоците наведени на веб страната се однесуваат на лицата на територија на Република Бугарија!

Совети за намалување на мастите за „професионалци“

  • Ограничете го јадењето на храна која има висока содржина на заситени масти (мрсно месо, колбаси, сирење и т.н.).
  • Користете ладно цедени масла за Вашите салати, на пример масло од шафран, репка, сончогледово масло или маслиново масло.
  • За поздрава термичка обработка можете да користите рафинирани масла кои се издржливи на топлина, како на пример маслиново масло, сончогледово масло или масло од репка.
  • Заменете го маслото со нискомаслено или со диетален маргарин (40% масти).
  • Користете нискомаслени методи за готвење како варење, печење со вулкански камења во рерната, готвење во фолија, во глинен сад или во хартија за печење, како и печење или пржење во нелеплива тава со минимална количина на масти. Свежиот зеленчук, сварен во малку вода, содржи многу витамини и има мала содржина на масти.
  • Користете кисело млеко наместо хопла за полесни сосови за салата. Ако не сакате потполно да се откажете од мајонезот, разредете ја малку количината со кисело млеко или со урда.
  • Сосовите за месо можат да бидат згустени со варен или пасиран компир или зеленчук.
  • Свежиот зеленчук (домат, краставица, пиперка, ротквици и т.н) со свежи билки и обезмастена урда се одлична алтернатива на седвичите со колбаси и сирење.
  • Избегнувајте хидрогенирани растителни масти кога е можно, како на пример тие во чипсот од компири, готовата храна, преливите и колачите. Избегнувајте производи содржат „хидрогенирани растителни масти и/или масла“. Во нив се содржани многу лоши масни киселини.
  • Растителниот маргарин кој е означен како „богат на заситени масни киселини“ се препорачува за мачкање на леб.
  • Внимавајте на скриените масти. Еден кроасан (70 гр) содржи 24 грама масти!

BACK