Податоците наведени на веб страната се однесуваат на лицата на територија на Република Бугарија!

BMI

BMI (Body Mass Index) е индекс на телесната маса, кој претставува извод од вашата тежина споредена со висината. Кога Вашиот BMI е поголем од 26 се смета дека Вие имате прекумерна тежина. Можете да го проверите вашиот индекс на телесна маса лесно и брзо со нашиот BMI калкулатор.

Ако износот на Вашиот BMI е 18.5 или помал, тогаш Вашата тежина е под нормата и Вие не треба да слабеете. Вие треба балансирано да се храните со полнозрнестa храна, овошје, зеленчук, месо и риба со цел да ги внесете потребните хранливи состојки и витамини, а истовремено да не ја зголемите прекумерно вашата тежина.

Ако Вашиот индекс е меѓу 18.5 и 24.9, Вие имате оптимална тежина во однос на вашата висина. Ви препорачуваме да се движите, со што ќе го подобрите крвотокот, ќе го зголемите трошењето на енегрија и ќе ги „изгорите“ мастите што ги примате заедно со храната. Балансираната и хранлива диета, како и редовното вежбање, на пример прошетки, возење точак или пливање, ќе Ви помогнат да ја задржите Вашата оптимална тежина.

Ако износот на Вашиот BMI е меѓу 25 и 29.9, тогаш Вие имате малку прекумерна тежина во споредба со висината. Ако пушите, имате висок притисок и холестерол, Вие сте подложени на ризик од разновидни заболувања. За да ослабите, Вие треба да се движите колку што е можно повеќе, а истото ќе доведе до поголемо трошење на енергија и горење на масти, што ќе Ви помогне малку да ја намалите тежината. Разновидната полнозрнеста исхрана, овошје и зеленчук, нискомаслени млечни производи, месо и риба, исто така ќе Ви помогнат.

Ако износот на Вашиот индекс е меѓу 30 и 40 или повиок, тогаш Вашата тежина е преголема и вие имате ризик од срцеви заболувања, дијабет и дислипидемија. Затоа Вие треба да ослабете, намалувајќи ги мастите во вашата исхрана. Балансираната полнозрнеста исхрана, овошје и зеленчук, нискомаслени млечни производи, месо и риба, ќе Ви помогнат да ја намалите тежината. Посебно е важно да се движите, за да трошите повеќе енергија и да изгорите повеќе масти.

BMI Калкулатор



BMI Опсег Категорија
До 18,5 Тежина под нормата
Од 18.5 до 25 Оптимална тежина
Од 25 до 30 Малку прекумерна тежина
Повеќе од 30 Преголема тежина
BACK