Податоците наведени на веб страната се однесуваат на лицата на територија на Република Бугарија!

Како треба да го земам formoline L112?

Таблетите formoline L112 се земаат 2 пати дневно без да се џвакаат, по можност со нискокалоричен пијалок како вода (најмалку 250 ml). За да ја намалите телесната тежина, земајте по 2 таблети 2 пати дневно, а за долгорочна контрола на телесната тежина откако ќе се постигне саканата цел, можете да земате по 1 таблета 2 пати дневно. Таблетите се земаат со двата оброци најбогати со масти во денот.

Совет: Најдобре е таблетите да ги испиете при на оброкот.

За да се обезбедат растворливите во масти витамини кои му се неопходни на човечкото тело (како витамини A, D, E и K), како и есенцијалните масни киселини, formoline L112 треба да го земете само во текот на два од трите основни дневни оброци.

Дали можам да земам повеќе од 4 таблети formoline L112 дневно?

За намалување на тежината препорачуваме да земате по 2 таблети 2 пати дневно.

Како делува formoline L112?

formoline L112 e липиден адсорбент кој помага во справување со вишокот килограми, односно во регулирањето на телесната тежина и во намалување на апсорпцијата на холестеролот кој е внесен преку храната.

Основната состојка во formoline L112 е диететското влакно полиглукозамин (L112). Тој има природно потекло и може да врзува големи количини масти, внесени со храната. Поради високиот капацитет на врзување на липидите, тој го намалува таложењето на мастите во цревниот тракт. Основната состојка на formoline L112 не се искористува од организмот и така заедно со врзаните масти се исфрла од организмот по природен пат.

Како дел од мерките за намалување на тежината со formoline L112, се препорачува да го намалите дневниот прием на масти на 60-80 грама и да ја зголемите вашата физичка активност. Кога потрошувачката на енергија е повисока внесените калории, Вашето тело ќе започне да ги разградува акумулираните резерви од масти.

Дали formoline L112 има несакани дејства?

Генерално formoline L112 е со многу добра подносливост.
Поради високата способност на formoline L112 да ги врзува мастите, освен мастите од храната може да врзува и растворливи масти (липофилни) лекарски средства (на пример хормонални препарати, орални контрацептиви) или витамини растворливи во масти (витамин A, D, E, K). Во таков случај се препорачува да се одржува интервал од минимум четири часа до примањето на formoline L112.
Само во многу ретки случаи се можни алергиски реакции кон некои од состојките или во случај на алергија кон домашен прав и грини. Во многу ретки случаи се забележани нарушувања во гастроинтестиналниот тракт (запек, гасови, подувување), поради недоволно примање течности, вообичаено во почетокот на земањето на formoline L112, а истите најчесто исчезнуваат после неколку дена.
Ако настане некое од наведените дејства или странични ефекти, се препорачува да се прекине со земање на formoline L112 и да се побара совет од лекар или фармацевт.
Задолжително треба да го прочитате Упатството за користење што се наоѓа во пакувањето.

Што содржи formoline L112?

Активна состојка: ß-1,4-полимер на D-глукозамин и N-ацетил-D-глукозамин од школки на раковидни животни.

Помошни супстанции: Целулоза (растителна), витамин C, винска киселина, помошни средства за таблетирање.

Дополнителна информација: Не содржи конзерванси и бои. Не содржи желатин, лактоза и холестерол, може да го користат лица болни од дијабет (нулта вредност на јаглехридатни единици (ЈЕ)).

formoline L112 е производ од природно потекло. Поради тоа се можни промени на бојата и вкусот без тоа да влијае врз ефикасноста на производот.

Дали formoline L112 може да се користи заедно со контрацептиви?

Ако земате контрацептиви, вие можете да земате и formoline L112, но треба да има интервал од најмалку четири часа помеѓу земањето formoline L112 и земањето контрацептиви. Најбезбедниот и лесен начин да го почитувате тоа правило е да ги земете контрацептивите пред оброкот во кој не земате formoline L112 (на пример појадокот, ако тој е најсиромашен со масти).

Ефектот на други контрацептиви (хормонални лепенки, хормонални импланти, хормонални инјекции или прстени и т.н.) не се влијае со земањето formoline L112.

Дали можам да земам formoline L112 во текот на бременност или лактација?

Во текот на бременост или лактација не треба да се влијае врз вишокот на тежина, а како програма за слабеење треба да се користи само со препорака на лекар и под лекарска контрола. Целосната исхрана е од примарно значење за да се обезбеди развивање на плодот и оптимален квалитет на мајчиното млеко.

Ве молам консултирајте се со Вашиот лекар!

Дали можат деца и адолесценти да земаат formoline L112?

Децата и младите лица, кои се во процес на растење треба да земаат formoline L112 само по консултација со лекар.

На што треба да обратам внимание ако примам лекови долгорочно?

Ако примате лекови долгорочно, посебно такви кои ја намалуваат активноста на цревата, треба да земате formoline L112 само по консултација со лекар.

Дали можам да ги џвакам таблетите formoline L112?

Formoline L112 таблетите треба да ги земате цели, со полна чаша вода. Ако таблетите се преголеми, за да ги голтнете можете да пресечете на половина, а потоа да ги испиете двете половини со чаша вода. Таблетките formoline L112 не треба да се раствораат во вода или други пијалоци.

Дали formoline L112 има интеракција со растворливи во масти (липофилни) лекарски средства?

Поради високата способност на formoline L112 да ги врзува мастите, освен мастите од храната може да врзува и растворливи во масти (липофилни) лекарски средства (на пример хормонални препарати, орални контрацептиви) или витамини растворливи во масти (витамин A, D, E, K). Во таков случај се препорачува да се одржува интервал од минимум четири часа до примањето на formoline L112. Присуството на активни состојки растворливи во масти (липофилни) може да биде намалено од formoline L112.

Колку брзо можам да ослабам со formoline L112?

Во многу женски списанија се објавуваат т.н. „креш“ диети, кои ветуваат слабеење со 2, 4 или дури со 5 килограми неделно. За да се намали телесната тежина со 1 кг., потребно е или да се изгорат дополнително 7000 kcal, или да се конзумираат толку калории помалку. Оваа количина на енергија е еднаква на 778 г. чисти масти.

Не секого ќе му биде јасно дека при просечен дневен внес од 2000 до 3000 kcal, вкупната заштеда од околу 28 000 kcal (која е соодветна на 4 кг. телесни масти) во 7 дневен рок (во кој конзумирате само околу 18 000 kcal) е потполно апсурдна, дури и ако гладувате. Такво губење на тежина не може да се постигне, освен ако не загубите течности, а тоа е штетно за Вашето тело.

Брзото слабеење влијае лошо на организмот и на сврзното ткиво, а настанува и опаснот од појава на брчки и стрии. Заради тоа, едно вистинско и здраво слабеење секогаш треба да се случува бавно.

Една успешна и трајна загуба на тежина бара трпение и време, а слабеењето не се случува преку ноќ. Во зависност од целната тежина, слабеењето може да одземе недели или дури месеци, ако е неопходно.

Дали се случува јо-јо ефект при слабеење со formoline L112?

Целта на лекувањето на прекумерната тежина со formoline L112 е бавно намалување на тежината до саканото ниво. Слабеењето со formoline L112 Ви дозволува вкусна и балансирна со масти диета со 60-80 грама масти дневно, која што можете да ја користите лесно и во долги временски периоди. За споредба, диетолозите често пати препорачуваат други диети за слабеење, кај кои е дозволено да се конзумираат само 40 г масти дневно.

Откако ќе ја постигнете саканата тежина, можете да го користите formoline L112 и за долгорочно одржување на тежината. Во овој случај, земајте formoline L112 во помала доза, по 1 таблета со два основни оброци во денот.

BACK